After Midnight

Дамите имаат потреба од минимум 15 минути предигра!

Да бидеме искрени, мажите егоистично ја прескокнуваат предиграта која е толку неопходна за жените за да уживаат во сексот и да стигнат до оргазам. Барем поголемиот дел од нив.

Според сексолозите сексот без предигра е погрешен чекор, бидејќи колку подолго успеете да ги задржите нагоните, толку повеќе ќе уживате  во она што следи потоа. Ова се однесува и за двата пола.

Студиите до сега покажале дека за да биде сексот квалитетен љубовната игра треба да трае најмалку 15 минути. Максимална граница нема.

Основно правило е да не брзате. Ова особено се однесува на мажите бидејќи тие инсистираат да се прескокне овој дел и колку може побрзо да се премине кон сексуалниот чин.

Жените од друга страна треба отворено да разговараат со партнерот и да објаснат дека многу подобро би се чувствувале ако сексот започне со нежна и сензуална предигра.

Исто така многу важна информација поврзана со предиграта е фактот дека жените имаат потреба од поголема возбуда и повеќе време за разлика од мажите за да стигнат до оргазам.

Не плашете се да разговарате отворено на оваа тема со вашиот партнер. Кој маж не би сакал неговата партнерка да биде максимално задоволена и да ужива во сексот со него? Ако пак партнерот не се грижи за вашите потреби и желби, туку само за своите, размислете дали воопшто заслужува да биде ваш партнер!

Напиши коментар