Celebrity

Даниел Редклиф во улога на поет :)

Актерот Даниел Редклиф ќе го игра познатиот писател Алан Гинсберг во филмот „Kill your Darlings“.

Гинсберг, припадник на „Бит генерацијата“, заедно со Џек Керуак, Лусиен Кар и Вилијам Бероуз, бил прочуен како глас против репресијата во општеството, капитализмот и конформизмот. Се сметал и за голем заштитник на правата на хомосексуалците.

Едно од неговите најпознати дела е „Урлик“ од 1955 година, во кое е опишана трагичната пропаст на „најголемите умови во неговата генерација“.

Редклиф, познат како Хари Потер, ќе го игра поетот во филмот „Kill your Darlings“, но сеуште не е познато кој ќе ги глуми останатите припадници на „Бит генерацијата“.

Напиши коментар