After Midnight

Декодирајте го со помош на неговиот секс – стил !!!

Начинот на кој Тој води љубов може да открие многу тајни од неговиот карактер. Неговиот пристап кон сексот отворено Ви говори за тоа што Тој всушност очекува од врската. Психолозите тврдат дека 90 проценти од мажите низ сексот ја покажуваат својата емотивност…

На крај краева акцијата кажува повеќе од зборовите !!!

Тој преферира: класична мисионерска поза

Оваа поза е добра за комуникација во сексот, но доколку Тој често се одлучува оваа поза големи се шансите да биде традиционалист и често досаден. Смирен, грижлив, преокупиран со вашите работи…често и премногу посесивен.

Тој преферира: doggy style

Doggy style не е интимна поза и доколку тој често ја практикува јасно покажува дека мажот со кој сте е уште недораснат за нешто озбилно. Несигурен, можеби и исфрустриран за да воспостави доминација во врската, мисли дека контактот со очите ќе ги открие неговите слаби ставови и стравови.

Тој преферира: Вие одозгора

Тип на маж кој сака Вие да бидете тие кои ја имаат контролата во работите. Сака да Ви покаже дека Вие сте му најважна но истовремено може да биде многу мрзлив. Но енергијата која ја поседува треба да биде Ваш предизвик кој морате да го превземете… имено ваквите мажи се полни со енергија која доколку успеат да ја извадат во видното поле тогаш никој и никако неможе да ги спречи во остварување на тоа што ќе го посакаат и секако со Вас покрај себе.

Тој преферира: секс играчки

Вашата врска сигурно преминала во фантазија…изгубена реалност, премногу големи очекувања. Ваквиот маж секогаш ќе Ве става на второ место, за него се друго ќе биде поважно освен Вие и Вашите потреби.

Тој преферира: поза лажица

Оваа поза е интимна поза која овозможува максимален контакт. Сексот е спор, нежен и интензивен, што укажува на маж кој е емоционално поврзан со Вас. Вашето барање негова наредба, ваквиот маж сака емоционална сигурност. Често плачко, повреден, жртва на љубовта !!!

Напиши коментар