After Midnight

Деколтето кај жените – оружје или табу тема ?!?

Една од седум дами, за работа ќе стави долг ѓердан кој „ влегува “ во деколтето, за да го „ импресионираат “ шефот и за да добијат унапредување, а една од десет жени со длабоко деколте ќе се обидат да го засенат младонецот на венчавката…

Половина од испитаничките признаваат дека деколтето го користат и во рестораните, со што би биле побрзо услужени, а третина никогаш не го покрива ова женско „ оружје “  на првиот состанок.

Истражувањето спроведено од компанијата Wonderbra, открива и дека 4 од 5 жени гледаат сопернички во другите жени и дека ги споредуваат градите со славните личности за да видат како би им стоеле.

Иако со деколтето се служат жени ширум светот, резултатите покажиуваат дека Британките водат, кога е во прашање постигнување некаква цел…

Меѓутоа, само 3% од нив откриле дека би го откриле деколтето при интервју за работа, додека 90% од нив се закопчуваат до грло на училишните собири после многу години.

„ Покажувањето на деколтето, на жените им дава чувство на моќ“, е коментар на Мартина Александар, PR на компанијата Wonderbra.

Истражувањето собрало повеќе од 1000 жени кои се изјасниле дека за нив највпечатлив деколте момент е оној кој го има изведено Мерилин Монро во филмот „ Седум години верност “

Второто место го зазема Памела Андерсон во серијата „ Чувари на плажата “, а после неа се најде Ева Херцигова на билбордот Hello boys.

Четвртото место го зазема Мадона со прочуениот шпицест градник, а после неа е Кристина Хендрикс на премиерата на филм во Њујорк 2011 година.

Листата на славни деколтиња изгледа вака:

1. Холи Вилби

2. Скарлет Јохансон

3. Бијонсе

4. Ким Кардашијан

5. Кејти Пери

6. Дита Вон Тиз

7. Брижит Бардо

Затоа, запомнете, следниот пат кога ќе видите дека некој гледа во Вашето деколте, не ги обвинувајте мажите… Ни Вие не сте така наивни !

Write A Comment