Американската пејачка Demi Lovato премиерно го прикажа музичкото видео за нејзината песна „Give your Heart a Break“. Видеото е во режија на Justin Francis, а приказната во него се врти околу самата Lovato која се труди да му покаже и докаже на својот дечко дека таа е вистинската за него, по една караница преку телефон.
Оваа песна е втор сингл од третиот студиски албум на пејачката со наслов „Unbroken“ кој беше пуштен во продажба во септември, 2011 година.
Demi признава дека за време на снимањето се чувствувала по малку непријатно и се срамела поради некои сцени. Погледнете го видеото и видете зошто:
