Celebrity

Demi Moore се враќа на големото платно!

Актерката Demi Moore се враќа на големото платно и тоа со улогата во филмот „Very Good Girls“.

Demi (49) неодамна се разведе од Ashton Kuthcer поради неговото неверство, а потоа за жал заврши и во болница патејќи од депресија и анорексија.

Како и да е, актерката сега планира големо враќање во светот на филмот. Во овој филм, таа ќе ја игра мајката на една од двете другарки кои по завршувањето на средно школо решаваат да ја изгубат невиноста, но се заљубуваат во истиот дечко и тука нивното пријателство се става на тест.

Тинејџерките ќе ги играат Dakota Fanning и Elizabeth Olsen, а дечкото ќе го глуми актерот Anton Yelchin.

Напиши коментар