After Midnight

Десетте љубовни заповеди за успешна врска

Теоријата на сите нас ни е позната, но ретко кој од нас знае сите тие правила да ги почитува во пракса. Ова се правилата кои треба да ги сфатите како заповед ако сакате да успее вашата врска.

Поминувајте квалитетно време заедно

Можеби ви звучи како клише, но пробајте го ова во пракса. Барем кога сте заедно бидете вистински посветени еден на друг. Поминувајте незаборавни моменти заедно.

Дајте си простор еден на друг

Ништо не форсирајте. Колку што се важни заедничките моменти, исто толку се важни моментите кои ќе бидат посветени на вас самите.

Повеќе секс

Не се плашете и не се срамете да зборувате за сексот. Така ќе дознаете многу повеќе еден за друг што ви треба и што сакате.

Планирајте заедничка забва

Многу е погрешно да не го вкулувате партнерот во плановите за забава. Тогаш ќе се створи негативна ситуација која може и да не се искаже во моментот, но ќе пукне кога најмалку очекувате.

Остварете ги најлудите фантазии

Вие сте пар, затоа правете се заедно. Задоволете си ги и најчудните желби, зошто ако не во врската некој од вас ќе ги побара надвор од неа.

Градете го животот заедно

Приватните ритали зачувајте ги за себе, но имајте и моменти кои ќе ги поминувате заедно. Обични ситници од типот на појадок во кревет, пиење на утринското кафе заедно со убав разговор можат да ви помогнат за да се стекнете на чувството за блискост и конектираност.

Претворете ја спалната соба во љубовно гнездо

Оваа соба е задолжена да ви пружи можност за убави моменти, кавгите заборавете ги. Не се карајте во кревет, тоа само ќе ве оддалечи еден од друг.

Пронајдете време за разговор

Не мора да бидат длабоки и суштински разговори. Магијата може да ја почувствувате кога зборувате за ситници кои ќе ви откријат многу за вас двајцата.

Напиши коментар