Мажите го сакаат флертот исто како и жените…
Ви препорачуваме неколку, на кои гарантирано тој ќе „ падне “…
Пријдете му прва – Машките сакаат кога девојката ја превзема контролата и кога ќе пријде прва. Едноставно, застанете до него, поздравете го и започнете разговор со него, друго навистина не Ви е потребно – со помош на насмевка, ќе стигнете подалеку отколку што замислувате… Со оваа тактика нема да погрешите, се додека овој почетен разговор го задржите на лежерни и забавни теми…
Шегувајте се, но не вреѓајте – Бидете разиграни, забавни и лежерни. Целта е и двајцата убаво да си поминете. Со други зборови, не обидувајте се да го импресионирате со Вашето знаење од книжевност, автомобилизам или нешто трето, наместо тоа шегувајте се и смејте се. Само контролирајте се тоа да не прерасне во вреѓање… И бидете подготвени да примите шега на Ваша сметка…
Слушајте го кога зборува – После поздравувањето, односно запознавањето и шегувањето, време е да преминете на нешто посериозен разговор. Овде нема само Вие да го имате главниот збор, оставете прилика да се искаже и слуштајте го што зборува. Златното правило е дека треба да му поставите онолку прашања колку што сте одговориле…
Прашајте го околу неговиот режим за вежбање – Погледнете го и прашајте го со кој спорт се бави. Иако машките не поминуваат неколку часови пред огледало, чувствувајќи се лошо бидејќи немаат тело како Дејвид Бекам, сепак коментари и прашања поврзани со нивното дело, им годат… А тоа Ви одговара и Вам…
Допрете го – Нежно допрете го за раката, ногата или грбот. Но, немојте да бидете премногу нападни. Исто како и со говорот, премалку и овде значи премногу, благ допир ќе му даде до знаење дека сте заинтересирани…