← НАЗАД НА БОЗА

Ди Каприо сака да го глуми Тесла на филм!

Ди Каприо сака да го глуми Тесла на филм!
720 Читања

Американскиот актер Леонардо ДиКаприо во едно интервју за „Глорија“ изјавил дека би сакал некогаш да ја игра улогата на еден од најпознтите светски научници, Никола Тесла.

ДиКаприо додава дека приказната за животот на Тесла дефинитивно заслужува филмска екранизација и дека тој на драго срце би прифатил да го глуми научникот.

–          Уживам во историски филмови, како што е „Џеј Едгар“ со чие снимање штотуку завршив. Има многу луѓе чии животни приказни заслужуваат екранизација. Убеден сум дека многу работи од животот на Тесла не се познати, па би било сјајно да се направи филм за неговата работа и достигнувања. Би сакал да го глумам, – биле неговите зборови.

На прашањето за неговиот љубовен статус, тој кратко одговара:

–          Гледате дека сум соло на црвениот тепих!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk