Celebrity

DiCaprio како Frank Sinatra?!

Режисерот Martin Scorsese, кој бил избран од студиото „Universal“ за да го сними биографскиот филм за животот на познатиот актер и пејач Frank Sinatra, изјавил дека главниот проблем со биографијата на Sinatra е што не знае од кај да започне.

–          Би сакал да ја раскажам целата приказна, но уметноста лежи во тоа од каде да се почне најпрво, бидејќи невозможно е да се раскаже целата сторија. Ако ја сработиме целата животна приказна на Sinatra би ни требале околу 15 саати да ја прикажеме и ќе добиеме нешто како мини серија, – изјавил режисерот.

На прашањето кој ќе ја игра главната улога, Martin одговорил дека Leonardo DiCaprio од секогаш велел дека тој ќе го игра Sinatra.

–          Можеби ќе го игра некој непознат актер бидејќи ако го игра славен актер, тоа би можело да го одвлече вниманието на гледачите од улогата. Сепак, нема никој да пее, во филмот ќе биде застапен само гласот на Sinatra!

Write A Comment