Здраво тело

Диета со јајца и грејпфрут – 10 кг за 5 дена!

Оваа диета станува се по актуелна зошто со неа се согоруваат маснотии и се намалуваат многу килограми во рамките на само неколку дена. Реално можете да ослабнете  до 10 кг за само 5 дена!

Зошто да ја изберете оваа диета?

Грејпфрутот припаѓа на групата храни кои согоруваат масти. Со други зборови грејпфрутот има хранливи материи кои ги разградуваат маснотиите и ги отстрануваат од телото. Грејпфрутот исто така ја подобрува размената на материи и го стимулира варењето на храната. Јајцата особено белката имаат многу протеини. Кога ги комбинирате овие две храни се претпоставува ефикасноста на слабеење да се зголеми многукратно.

Диетата со јајца и грејпфрут е доста строга па затоа не се препорачува за луѓе со сериозни здравствени проблеми!

Основни принципи на диетата:

Оваа диета може да трае најмногу 7 дена! Јас ви препорачувам само 3-4 бидејќи и тоа ќе ви даде добри резултати, а организмот нема да гладува.

Мени:

Јадете по 5 грејпфрути на ден комбинирајќи ги со 5-9 белки. Во идеалниот случај треба да има 10 порци дневно по ½ грејпфрут и една белка од јајце на секој час. Уверете се дека пиете многу вода и треба да останете умерено активни, например пешачење по 45 минути секој ден.

Како што гледате оваа диета ги исклучува 100% мастите од искраната. Содржи само белковини и прости шеќери од грејпфрутот, па затоа резултатите се гарантирани.

Мој совет е наутро да пиете чаша зелен чај без шеќер и навечер непосредно пред легнување уште една, за да се исчисти организмот од токсини и да ги искористите ползите од зелениот чај кои не се малку, особено моќните антиоксиданси и ефектот за намалување килограми.

Ви посакувам успех!

Write A Comment