Здраво тело

Диета со манго што ќе ве „спаси“ од излишни 12 килограми!!!

Екстрактот од семето на африканското манго што расте во Западна Африка има способност да го стагнира производството на масти во организмот поради влијанието на специјални генетски ензими, кои го регулираат метаболизмот. Освен тоа екстрактот од манго го намалува холестеролот и шеќерот во крвта…За 3-4 седмици здраво и лесно ќе елиминирате 12 килограми.

Појадок

Овесни јатки со јогурт и едно исецкано манго. Црн чај со лимон без шеќер и јаболко. Дозволено е кафе без млеко и шеќер. Мангото се јаде заедно со житариците и јогуртот. Веднаш штом ќе станете од спиење треба да испиете чаша млака вода со исцеден половина лимон. После половина час можете да преминете на појадокот.

Ручек

Можете да избирате помеѓу пилешко бело месо, телешко без маснотии или риба. Важно е количината да не биде поголема од 150 грама и да биде варено или печено. Пржено во никој случај! Додадете кон ова обилна сезонска салата со чаена лажичка ленено масло или масло од гроздови семки. Наместо месо можете да земете 200 грама урда, за оние што не се љубители на месо или пак вегетеријанци.

Вечера

Овошна салата од 2 парчиња манго и едно јаболко. Чаша зелен чај без шеќер пред легнување. Во текот на денот се препорачува да пиете по 3-4 чаши млака вода со исцеден половина лимон во неа, за да се олесни процесот на разградување на масните наслаги. Јаболкото може да биде заменето со грејпфрут или ананас, тоа е по желба. Сите овие видови овошје содржат специјални супстанции кои имаат значајна улога во слабеењето и чистењето на телото од токсини.

Ако навечер почувствувате голем глад,  со цел да не паднете во искушение да изедете нешто што не треба, диетата дозволува да земете чаша кисело млеко со мал процент масленост.

Write A Comment