Celebrity

Доаѓаат “ужасните“ шефови :)

Хит комедијата “Ужасни шефови“ со Џенифер Анистон, Кевин Спејси и Колин Фарел во главните улоги ќе добие втор дел.

Сценаристите на филмот Џон Френсис Дејли и Џонатан Голдстин потврдиле за медиумите дека договорот за да напишат сценариот за вториот дел е веќе потпишан. И режисерот на првиот дел Сет Гордон би требало повторно да се врати на работа.

Џенифер Анистон во филмот ќе игра сексуално агресивна заболекарка која малтертира еден од своите вработени, а Кевин Спејси е директор на една компанија и е одлучен на своите вработени да им го загорчи животот.

Единствен проблем е што третиот шеф, Колин Фарел беше убиен, па ќе видиме што ќе се случи со неговиот лик во второто продолжение.

Филмот заработи 290 милиони долари.

Напиши коментар