Celebrity

Доделени наградите на Канскиот фестивал!

Се одржа 65-тиот по ред Кански фестивал и вчера вечерта конечно е откриено кој филм ја заслужи Златната палма. Се работи за драмата на режисерот Michael Hanke со наслов „Amour“, која сосема заслужено ја доби оваа престижна филмска награда.

Ова му е втор пат на германскиот режисер да ја добие оваа награда. За најдобар актер беше прогласен Данецот Mads Mikkelsen благодарение на неговата улога во филмот „The Hunt“ (2012), а признанието за најдобра актерка го примија Christina Flutur и Cosmina Stratan кои глумаеа калуѓерка и љубоморна лезбејка во остварувањето „Beyond the Hill“. Сценаристот на филмот Christian Mingiu беше награден за најдобро сценарио.

За најдобар режисер е прогласен Carlos Reygadas за филмот „Post Tenebras lux“, а „Grand Prix“ наградата отиде во рацете на филмот „Reality“ во режија на Matteo Garrone.

Победниците беа избрани од страна на жири предводено од италијанскиот режисер Nanni Moretti

Напиши коментар