Стресот не само што делува негативно на мозокот, туку сега веќе и докажано ја уништува неговата структура, а со тоа и го намалува волуменот на мозокот.
Јапонските научници воочиле дека емотивниот стрес кај луѓето кој го проживеале цунамито во Јапонија влијаел врз големина на нивните мозоци. За да го објаснат овој феномен, кој е под влијание на посттрауматско стресно пореметување (PTSP), научниците споредиле снимки од мозоците на 42 преживеани луѓе од цунамито пред и по катастрофата која однесе илјадници човечки животи.
Недвосмислено се покажало дека мозоците претрпеле огромни промени во волуменот, односно се намалиле во просек за 6 проценти.
„Докажавме видливи промени на обемот на орбитофронталниот кортекс, задолжен за емоционалните реакции на луѓето. Но добрата вест е што доколку луѓето се справат со емоциналниот стрес доаѓа до регенерирање на тој дел и истиот ја добива првобитната состојба “ – изјавува Atsushi Sekiguchi директор на истражувањето.
