Искористете ја моќта на зелката и излечете се на природен начин.
Против главоболка: ставете облоги на челото од листови свежа зелка.
При воспалени непца: исцедете сок од неколку листови зелка, добиената количина измешајте ја со иста количина на вода. Со оваа течност испирајте ја устата неколку пати во денот.
При надразнет и воспален желудник: пијте по една чаша свежо исцеден сок од зелка три пати во денот, пред секое јадење.
При изгореници: ситно исецкајте едно парче зелка и измешајте го со една белка. Со оваа смеса намачкајте ги раните и изгорениците. Тие наврзо ќе почнат да заздравуваат.
