After Midnight

Доживејте оргазам ама баш секој пат

Доколку често ви се случува да почувствувате дека сте блиску до оргазам, но потоа чувството исчезнува, тоа се должи на два фактори: недоволна концентрација или пак промена на позата или ритамот. Не се грижете, овој „проблем“ го имаат многу жени, а може и многу лесно да се реши.

Жените полесно губат концентрација во кревет од мажите. Стресот, уморот и останатите грижи може многу лесно да се одразат на сексуалниот живот на жените. Иако не ви се чини како лесна задача, се што ве оптеретува треба да го оставите надвор од спалната соба. Пуштете музика, пригушете го светлото и направете се што ве опушта и ве прави среќни.

Доколку ви смета нешто што не може да го контролирате, како аларм на некој автомобил бо далечина, решете го со зборување. Зборувајте тивко со партнерот, а тоа ќе направи дополнително да се возбудите и да се фокусирате.

Доколку оргазмот ви „бега“ затоа што партнерот во најважните мигови ја менува положбата или темпото, тоа може да го решите со разговор и со давање на јасни сигнали како се чувствувате. Кажете му што и кога да прави, тоа ќе го направите два или три пати, а потоа и вашиот партнер ќе го сфати вашиот ритам. А со тоа оргазмите се загарантирани!!!

Напиши коментар