← НАЗАД НА БОЗА

Дознајте го она што мажите не сакаат да ви го кажат

Дознајте го она што мажите не сакаат да ви го кажат
1717 Читања

Сите ние имаме тајни, па така и мажите имаат работи за кои не сакаат нивната партнерка да дознае. Ова се работите за кои мажите не сакаат да говорат:

Искуствата од стрптиз баровите

Мажите се визуелни суштества, па не е ништо чудно да влезат во стриптиз бар со своите пријатели и да уживаат во глетката од голо женско тело кое се извиткува околу шипката. Тоа е искуство за кое тој не сака да говори, а и на жената нема да и биде интересно да слушне дали бил, колку пати и што му се допаѓа кај тие жени.

Емотивни се

Ниеден маж не сака да се дознае неговата емотивна природа. Тие во жените на очите се посилниот пол на кој можат да се потпрат и кои претставуваат заштита и поткрепа. Кога жената би знаела дека и тие се “плачковци”, каде ќе биде смислата за посилен пол?

Скриена колекција на порно филмови

Нема маж кој нема на својот хард диск барем еден порно филм. Тие ја сакаат порнографијата, но е тешко да го признаат тоа. Тие сакаат да ги гледаат жените во екстремно секси издание, но да појасниме не бараат од вас да бидете како порно глумица во креветот.

Тој е мамин син

Без разлика на годините, тој секогаш ќе биде мамин син. Кога ќе запознаат некоја девојка, сакале вие или не, веднаш ја споредуваат со својата мајка. Секој маж сака да добие “мајчинска” љубов од својата девојка, колку и да ви звучи тоа чудно.

Валкани мисли

Некои од своите фантазии тој ќе ги сподели со вас, но некои ќе ги остави само за себе. Ако тоа не го сподели со вас, не е нешто за паника. Но, пробајте да разберете има работи кои се доволни да ги знаете само вие и никој друг.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk