Free zone

Дознајте што сакаат жените да приметите кај нив

Големо е разочарувањето кај жените кога по цел ден се спремаат и на крајот партнерот не приметува ништо кај нив.

Новите чевли

Жените носат високи потпетици затоа што тие ги издолжуваат нивните нозе, го прават нивниот од поженствен, сметаат дека се посекси за мажите… Често заради тоа трпат болка, а трпи и паричникот. Ако им дадете позитивен коментар за чевлите вие добивате голем плус кај нив.

Таа мириса поинаку од другите

Мирисот е многу важна компонента за привлечност. Секоја жена (скоро секоја) внимава на својата хигиена, избор на парфем со кој смета дека ќе го заведе мажот. Кога ќе ја пофалите тоа ќе и даде елан за понатамошно трудење да ве освои.

Дека има нова долна облека

Жените губат многу време и трошат многу пари при изборот на долната облека. Тие се трудат да бидат секси и да ги освојат мажите. Ако го забележите тоа и ги пофалите ќе добиете одлична вечер.

Дека е посебно дотерана

Ако излезете заедно на вечера пофалете ја за убавиот изглед. Таа потрошила многу време за да ви се допадне. Ако не го правите тоа, таа постепено ќе ја изгуби желбата за да се грижи за себе. А, потоа вие ќе се прашувате што се сменило и зошто таа не е иста како прано.

Напиши коментар