After Midnight

Другарка ти флертува со твоето момче ???

Што да сторите доколку Вашата другарка „ малку по малку флертува “ со Вашето момче???

Таквите ситуации се навистина непријатни, но решение сепак постои… Еве неколку совети:

Некои жени, ама едноставно се „ слаби “ на зафатени момци… Има бурма ? „ Па што …“, Оди секаде со неговата девојка ? „ Тоа лесно би можела да бидам јас…“ и слично… Се препознавате ??? Што да сторите доколку имате другарка од ваков тип? Можеби нејзиното однесување не сте го забележале додека не сте биле во сериозна врска, но сега, кога сте среќно вљубени, таквото однесување, секако дека Ви смета… Што да направите ?

– Настапете директно. Ако забележите дека се однесува непримерно кога е во Ваше друштво, разговарајте отворено. Кажете ѝ дека не Ви се допаѓа нејзиното однесување и дека од неа очекувате да Ве почитува и Вам и Вашата врска…

-Не прифаќајте изговори од типот: „ Ама знаеш дека сум таква “… тоа не е никакво објаснување. Дур и и ако навистина е таква по природа, треба се однесува пристојно кога е во Ваше друштво.

-Ако и тоа не „ запали “, вратете и „ мило за драго “. Флертувајте со нејзиното момче, а доколку не е во врска, вклучете се во играта помеѓи неа и слаткото момче кое скоро го запозна… Големи се шансите да биде „ изненадена и навредена “ од Вашиот однос, а тоа е совршена прилика  уште еднаш да и соопштите како Вие се чувствувате додека таа флертува со Вашето момче.

-И ова не помага ??? Тогаш избегнувајте да поминувате време со партнерот во нејзино друштво. Ако без оглед на сé, Ви е драга и не сакате да го прекинете контактот со нејзе, гледајте се насамо. Не поканувајте ја на родендени, журки, заеднички излегувања, на кои присуствува и Вашето момче. Во одреден момент ќе забележи промени во Вашето однесување. Тогаш е идеалното време за разговор.

-Ако ништо од ова не дава резултати, редно време е да го прекинете ваквото пријателство, бидејќи очигледно е дека Вие ѝ значите помалку, отколку таа Вам. Во спротивно, после сите пружени прилики, не би продолжила со однесувањето, за кое знае дека Ве повредува…

Write A Comment