Сепак колку и да се тврди дека љубовта не може да се дефинира, постои одредена концепција, логика или филозофија ако сакате. Сте помислиле ли над тоа колку многу луѓе започнале да ја асоцираат љубовта со егоизмот? Постојано велиме,„Го сакам овој“, „Имам потреба од оној“, „Незнам што ќе не направи среќни, ќе не издигне во очите на пријателите, ќе ни ја зголеми репутацијата…“
Бараме од љубовта да ни го поправи расположението, комплексите и животот генерално и потоа се чудиме зошто не ја наоѓаме неа.
Епа затоа што драги читатили, не љубов бараме всушност. Милиони луѓе по светот се жалат дека немаат никој, кој да ги сака, колку се осамени и изолирани и како судбината била несправедлива со нив, а за миг не помислуваат на каков начин да се обидат самите тие да станат достојни за љубов што е поважно и како да почнат да сакаат први. Зошто љубовта е точно тоа, не земање, а давање. Љубов е кога си спремен да даваш, безрезервно, страстно, оддадено, необмислено, без никакви претенции…Вистината е дека љубовта не се мери само со бакнежи, прошетки на залез сонце и прекрасните регуларни оргазми – таа е исто така и лишување, болка, незгоди, компромиси, работи кои луѓето не се согласни да ги споделат, да не зборуваме за поседувањето на определена зрелост за да ги прифатат. Љубовта е ризикот кој доброволно го прифаќаш, знаејќи дека ќе те чини сопствената неприкосновеност и ќе те направи ранлив. Љубовта е и скршеното срце и пријателската критика.
Љубовта е еден од најсилните наркотици(научно е докажано) соодветно доброволно прегрнување на наркоманијата. Лубовта не прави глупави, така да простете се од својот брилјантен и бистар ум и очекувајте да станете дворски шут. Со два збора, љубовта изопачува, мами, ви го пие мозокот, ви ја соголува кожата, ве претвора во гол полжав, го крши подредениот огледален свет на илјадници парчиња.
Уште ли сакате љубов?
Длабоко се надевам, зошто љубовта – тоа е можеби единственото вистинско нешто во овој илузорен свет.