Celebrity

Дует на Парис Хилтон и „ЛМФАО“! Ќе има што да се види :)

Богаташката Парис Хилтон тврди дека синглот од нејзиниот најнов албум е веќе готов и најверојатно ќе излезе во јавност за месец, два.

Според нејзините изјави, ова ќе биде големо враќање на музичката сцена за неа. На доделувањето на наградите „Златен глобус“, таа им открила на новинарите дека успеала да направи соработка со една од најпознатите денс групи на денешницата, „LMFAO“.

–          Многу сум возбудена што снимам со нив. Музиката е невероајтна и едвај чекам да излезе целиот албум ова лето.

На прашањето како дошло до соработката, Парис одговорила:

–          Ги знам уште кога бев дете. Израснавме заедно бидејќи нашите родители се пријатели, па јас сум горда на нивниот успех и на она што го направија. Тие го создадоа новиот бренд „Party Rock“ и неверојатни се.

Напиши коментар