Најпознатата старлета на светот Парис Хилтон започнала да работи на својот втор студиски албум на кој, според неа, ќе има дует со еден од најпознатите рапери на светот.
Иако на сите им се чинеше дека Парис набрзо се откажа од својата музичка кариера, таа тврди дека веќе започнала да го снима својот следен албум, а Снуп Дог е само еден од познатите музичари со кој богатата наследничка планира да сними дует.
– Би требало во следниве неколку месеци да си го чувам јазикот позади забите, но на албумот ќе имам сјајни соработници. Со „LMFAO“ веќе го завршивме синглот, а за наредната песна во студиото ќе ме чека, кој друг ако не Снуп Дог, – биле нејзините зборови.
Албумот треба да биде објавен ова лето.