Celebrity

Дури пет југословенски земји во едно полуфинале на Евровизија!

Со ждрепка се одредени учесниците во двете полуфиналиња од 57-то издание на најпознатото европско музичко натпреварување – Евросонг. Настанот ќе се одржи во Бака, Азербејџан на 22, 24 и 26 мај. Симболично е претставен и слоганот и логото на овогодинешната Евровозија.

Во првото полуфинале ќе настапат: Црна Гора, Исланд, Романија, Албанија, Белгија, Летонија, Швајцарија, Финска, Грција, Молдавија, Кипар, Австрија, Данска, Русија, Сан Марино, Израел, Ирска и Унгарија.

Во второто полуфинале ќе можеме да ги видиме: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Холандија, Португалија, Белорусија, Малта, Украина, Ерменија, Бугарија, Шведска, Грузија, Естонија, Турција, Словачка, Норвешка и Литванија.

Редоследот на настапувањето ќе биде одреден повторно со ждрепка на 18-ти Март.

Напиши коментар