Celebrity

Два бомбастични спотови – на Shakira и на Cheryl Cole!

Колумбиската пејачка се враќа на сцена со спот за песната „Addicted to You“, во кој ќе имате прилика да ја видите во најзаводливото издание досега. Ова ќе биде последен сингл од актуелниот албум со наслов „Sale el Sol“, објавен дури пред две години.

Се очекува наредниот албум на Shakira да биде потполно различен од ова што таа досега го работеше, со оглед на тоа што таа попишала договор со издавачката куќа на Jay Z. Погледнете го видеото:

Cheryl Cole, исто така, ни го прикажа музичкото видео за песната „Call my Name“ кое долго го очекувавме.

Видеото започнува со цитатот на Marquisa de Sada „Единствениот пат до женското срце е преку страдање“. Инаку, ова е прв спот на пејачката по неколку години пауза. Синглот е првенец од албумот „A Million Lights“ кој треба да излезе на 10-ти Јуни.

Погледнете и уживајте:

Напиши коментар