Celebrity

Две урнебесни комедии со продолжение во 2012!

Два филмски хита, и тоа урнебесни комедии, ќе добијат свои продолженија во оваа 2012 година. Се работи за филмовите „Horrible Bosses“ и „Bridesmaids“.

Во филмот за „ужасните шефови“ останува истата актерска екипа, додека пак, „деверушите“ најверојатно ќе мора да снимаат без главната актерка Кирстен Виг. Таа изјавила дека моментално работи на други проекти и екипата ќе мора да продолжи без неа.

Студиото „Universal“ сака да го сними филмот по секоја цена, од причина што првиот дел доживеа вртоглав успех и би било вистинска штета на фановите да не им се подари уште едно уживање.

„Шефовите“ собраа 200 милиони долари на само 35 милиони буџетен-филм. „Деверушите“ пак, досега имаат заработено 288 милиони долари ширум светските кина.

Напиши коментар