Celebrity

Џастин Бибер чувар на плажа?

На младиот пејач му била понудена улога да се појави во филмот “Чувари на плажата”. Наводно тој би требало да се појави како син на Мич Бјукенон.

Ако тој ја прифати оваа улога, ќе стане дел од екипата во која е веќе и Џастин Тимберлејк.

Џереми Џексон, 31, кој во серијата го толкуваше Хоби Бјукенон изјавил дека младиот заводник е одличен избор за новиот Хоби.

Џексон ја доживеа светската слава токму во овој филм на само 11 години. Во меѓувреме успеа да се справи со целиот товар на славата, да се навикне на дрога и да се излечи од неа.

Бибер сеуште не се огласил на овие шпекулации и сеуште не изјавил дали навистина ќе ги облече црвениот костим за капење.

Напиши коментар