Започнува снимањето на бродвејскиот мјузикл од 1982 година, а овој пат приказната ќе биде сместена во Њујорк. Снимањето би требало да започне следната пролет. Сценариото раскажува за распеаното сираче Ени, а го пишува актерката Ема Томпсон.
„Едвај чекам да започнеме со снимањето, Џеј Зи ја завршува музиката, а сценариото е речиси готово, изјавила Eма.
Главната улога во овој мјузикл ќе ја има Вилоу Смит, 11, и ова претставува нејзина прва озбилна улога.
