Често актерите изјавуваат дека подготовката за некоја улога била искуство што му го сменило животот. Но, во овој случај, кога Џејк Џиленхол го вели тоа, изјавата воопшто не е претерување. Тој за својот нов филм End of Watch серозно си ја сфатил задачата дека треба да се подготви, па поминал пет месеци кружејќи со кола по опасни населби придружувајќи им се на полициските коли во смени од 4 попладне до 4 наутро.
„На моето прво возење, некој бил убиен. Ние бевме втората кола на местото. Тоа беше повик за будење. Бевме вклучени во бркотници со украдени коли. Навистина почнуваш да го гледаш градот поинаку после тоа“, изјавил актерот.
Може да се заклучи дека напорната работа барем му се испатеше на Џејк, бидејќи неговиот филм End of Watch заврши како најдобар филм за изминатата седмица.
http://www.youtube.com/watch?v=mf2K9GzgiF0
