Џејмс Франко е повторно во акција. Само овој актер не се уморува од разноврските улоги кои треба да ги отелотвори.
Овој пат се работи за главната улога во драмата за контроверзниот американски уметник и фотограф Роберт Меплторп кој умрел од СИДА во 1989 година.
Биографскиот филм со наслов „Меплторп“ ќе биде дебитанско остварувње на американската режисерка Онди Тимонер која е позната ои документарецот „Живот во живо“ (We Live in Public) од 2009 година. Филмот ќе биде финансиран од филмскиот институт Трајбек.
