Celebrity

Џејмс Франко и црешата :)

Конечно може да го погледнеме првиот официјален трејлер за филмот драма со наслов „Цреша“. Во главните улоги ќе ги видиме Џејмс Франко, Ешли Хиншо, Хедер Грам и Дев Пател. Во приказната на филмот се раскажува за една млада дама која случајно влегува во порно бизнисот откако со својата најдобра другарка бега во Сан Франциско.

Главната актерка Хиншо ја игра Анџелина која има мајка алкохоличарка и насилен очув, па детството и не ѝ било така розево. Едно утро, нејзиниот дечко ја замолува да се слика гола за пари, па 18-годишната Анџелина го прифаќа предизвикот. Парите од сесијата ги користи за да избега во Сан Франциско со другарката.

Таму сретнува еден богат адвокат (Џејмс Франко) кој ѝ покажува еден сосема поинаков свет, во кој таа станува позната под името Чери, односно Цреша.

За жал, сеуште не се знае кога ќе биде премиерата на филмот.

Вака изгледа трејлерот:

http://www.youtube.com/watch?v=jVCmwaSqsEE

Напиши коментар