Celebrity

Џејмс Франко како главен заводник!

Актерот Џејмс Франко ќе игра во адаптацијата на книгата за заводници со наслов „Игра“, пишува во холивудската штампа.

Во филмот се работи за еден водич на шмекери по име Нил Штраус, а инаку книгата е светски бестселер во кој се откриваат тајните на заведувањето. Книгата  е делумно водич, а делумно мемоари на Штраус. На Франко му е доверена главната улога. Тој ќе го игра инструкторот за заведување.

Штраус пишувал за „Њујорк Тајмс“, а соработувал и со порно ѕвездата Џена Џејмисон на нејзините мемоари. Подоцна го напушта сето тоа за да му се придружи на „тајното“ друштво на заводници во Њујорк и да ги научи нивните трикови.

Покрај авантурите со обични жени, во книгата е опишано како тој ги заведува Бритни Спирс и Кортни Лав, а бил во акција и со Том Круз.

Филмот треба да се појави во светските кина кон крајот на оваа година.

Напиши коментар