Celebrity

Џенифер Хадсон наместо Витни Хјустон

Актерката Џенифер Хадсон наводно е во преговори за улога во римејкот на филмот “Телохранител” од 1992 година, во кој главната улога ја имаше Витни Хјустон.

Иако снимањето за другиот дел на популарниот филм се најавува веќе од минатата година, сега би требало да се снима во чест на трагично починатата Витни Хјустон. Претставниците на холивудското студио сметаат дека Џенифер Хадсон е идеална за главната улога.

http://www.youtube.com/watch?v=olTXylHpuJM&feature=player_embedded

Сценариото за новата приказна на “Телохранител” е доверено на Џереми Фридман и Ник Палмер. Според гласините новата приказна во филмот ќе раскажува за поранешен борец од Ирак кој ќе ја чува пејачката.

Помеѓу имињата кои се споменуваа за улогата беа Ријана, Бијонсе, Џенифер Лопез, па дури и Мајли Сајрус. Сепак Џенифер Хадсон ја има среќата да ја добие главната улога.

Сеуште не е познато кој ќе ја има улогата на Кевин Костнер, а помеѓу потенцијалните актери се наоѓаат Ченинг Тејтум, Марк Волберг, 50 Cent.

http://www.youtube.com/watch?v=CsUniU8fF2A&feature=player_embedded

 

Напиши коментар