Celebrity

Џоли во акција! Доста високо цели :)

Оскаровката Анџелина Џоли и шпанскиот режисер Педро Алмодовар направиле договор за соработка на филм.

Џоли и Алмодовар разговарале одвоено со новинарите на овогодинешното доделување на наградите „Златен глобус“, а за време на паузата од интервјуто се поздравиле и почнале да разговараат.

Алмодовар се нашалил како го подобрил својот англиски и во моментот кога Анџелина изразила желба да соработува со него, тој радосно се согласил.

–          Значи ветувате, еден ден? Кога ќе исчезнат сите овие камери, ние ќе соработуваме на филм?, – го запрашала Џоли, на што тој ѝ одговорил: “Да. Апсолутно.“

Анџелина моментално го промовира својот филм „Во земја на крв и мед“, а Алмодовар го прави истото со својот најнов филм „Кожата во која живеам“.

 

Напиши коментар