Џорџ Клуни ќе ја игра главната улога во филмот „The Monuments Men“, што всушност е приказна за неколку храбри луѓе кои ги ризикуваат своите животи со цел да спасат извесни уметнички дела од рацете на нацистите.
Освен што ќе глуми во филмот, Клуни и ќе го режира истиот филм, а заедно со Грент Хеслоу ќе се потпише на сценариото на трилерот за група експерти кои се на задача да ги вратат уметничките дела кои се украдени од еден европски музеј за време на Втората светска војна.
Филмот е адаптација на романот од Роберт Едсел, кој говори за британските и американските експерти – кустоси и историчари на уметноста, кои ги ризикуваат своите животи со цел „да спречат да се уништи културата стара илјадници години“. Филмот сеуште не е почнат да се снима.
