Celebrity

Џулија Робертс како докторка!

Џулија Робертс ќе игра во адаптацијата на бродвејската претстава „Нормално срце“, во која се зборува за проблемот со СИДА-та и ХИВ вирусот во Њујорк, во 80-тите година на изминатиот век.

Робертс ќе ја игра улогата на лекар специјалист за таа болест, но е врзана за инвалидска количка. Алек Болдвин ќе игра адвокат кој има проблем со прифаќањето на фактот дека неговиот брат, кој го глуми Џим Парсонс, е хомосескуалец.

Снимањето на филмот започнува оваа пролет, а премиерата се очекува да биде во почетокот на идната година. „Нормално срце“ е напишано од Лари Крејмер, познат драматург, писател и активист за правата на хомосексуалците.

Write A Comment