Секоја една жена има сопствена индивидуална претстава за тоа како треба да изгледа вистинскиот маж. Точно затоа тешко би можеле да дадеме универзална дефиниција за него. Но затоа пак сме сигурни што никогаш не би направил вистинскиот маж и претпоставуваме дека повеќето наши читателки ќе се согласат со нас.
Еден вистински маж никогаш нема:
Да посегне по жена!
Да лаже и манипулира само за да добие секс!
Да чека родителите или партнерката да го издржуваат!
Да ги заплетка блиските во интриги, само за да се извлече себе си. Како и да ја префрла вината на друг!
Да престане да се интересира за детето откако се разделил со мајката!
Да носи фармерки со висок струк!
Да навредува девојка поради фактот што не прифатила да се запознае и дружи со него!
Да спие со жена и после тоа да се фали кај стигне со „постигнувањето“!
Да ги обвинува сите и се за сопствениот неуспех и положба!
Да откаже да се извини кога навистина постапил погрешно!
Да изјави дека местото на жената е во кујна!
Да распространува лична информација или невистини за бившата девојка откако се разделиле. Како и да размислува за било каква одмазда!
Да си дозволи груби манири и однос со жена во јавност. Тој никогаш не би викал, не би ја навредувал, особено не пред други луѓе. Колку и да го налутила!
Да го наметнува своето мислење без воопошто да се интересира за гледната точка на другите!
Да се врти по други жени кога неговата партнерка е со него!
Да излегува во другата соба или надвор веднаш штом ќе му заѕвони телефонот!
Да заборава на вашиот роденден, годишнина, празникот на жената, и сл.
