Кога сакаме да го смениме изгледот за неколку минути, секси и опуштена фризура е најдобар начин за тоа.
Ако немате многу време, а сакате да изгледате како филмска дива, полуподигнатата фризура, карактеристична за прочуената убавица Брижит Бардо е одличен избор, а за да ја направите, потребни се неколку чекори.
1. На влажна коса нанесете пена и сушете прамен по прамен гужвајќи ја или обликувајќи ја со голема четка. На тој начин, косата ќе биде побујна и ќе добиете крупни локни. Ако косата брзо ви се исправи, пробајте со големи витлери.
2. Подигнете го горниот дел од косата и благо натапирајте го. Заврзете ја косата позади формирајќи мала пунџа која ќе ја прицврстите со црни шноли.
3. Долниот дел од косата, по можност исплетете го во голема плетенка на страна, а можете да ја пуштите косата да паѓа слободно.
4. Извлечете неколку прамени околу лицето и зацврстете ја фризурата со лак за коса.


