Мазна, нежна и сјајна кожа без влакненца е сон на секоја жена. Депилацијата често знае да биде болна, да предизвика иритации, алергии, осип… доколку сте една од оние жени кои се соочуваат со овој проблем пробајте ја оваа египетска депилација со шеќерна паста.
Со оваа депилација влакненцата растат поспоро. Тие ќе почнат да се појавуваат дури по шест недели. Освен тоа, за да ја направите депилацијата нема потреба да чекате влакненцата да пораснат. Доволно е да се со големина од еден до два милиметри. Тоа се големите предности на шеќерната смеса во споредба со восочната депилација.
Шеќерната смеса е направена од комплетно природни состојки, нема никакви хемикалии што е препорачано за чувствителната кожа и за депилација на интимните делови.
