Celebrity

Ема Томпсон како вештерка!

Актерката Ема Томпсон ќе глуми во адаптацијата на романот „Преубави суштества“.

Книгата на Ками Гарсија и Маргарет Стол ја следи приказната на девојката Лена во еден мал град на југ, која се обидува да го сокрие фактот дека има натприродни моќи. Таа се здружува со средношколецот Итан со цел да го уништи проклетството кое некогаш било фрлено на нејзиното семејство.

Главните улоги во филмот ги играат Алис Енглерт и Џек Конел, а Томпсон ќе ја игра локалната вештерка. Филмот е во режија на Ричард Лаграваниз, кој истовремено се потпишува и на сценариото. Томпсон слична улога имаше и во филмовите за Хари Потер, односно беше професорка по претскажување.

Ова лето, Ема ќе ни го претстави и својот најнов филм „Ефи“.

Напиши коментар