Celebrity

Ема Вотсон ќе биде убавицата!

Британската актерка ќе ја игра убавицата во филм, кој ќе се прави според бајката за „Убавицата и ѕверот“, а режијата му е доверена на режисерот и актер Гиљермо дел Торо.

Ема Вотсон (22), која во последниве десетина години глумеше во познатиот серијал за детето волшебник Хари Потер, ќе игра во најновото филмско остварување на Торо. Таа, се разбира, ќе ја игра главната улога, односно убавицата, а сеуште не е познато кој ќе го игра ѕверот.

Инаку, лицето на актерката која на сите ни е најпозната како Хермиона, неодамна е прогласено за најубаво на светот.

Напиши коментар