Режисерот, кој го предводи жирито на меѓународниот филмски фестивал во Санк Петербург, вели дека своето најново ” филмско чедо ” ќе го претстави во октомври 2014.
Емир Кустурица на конференцијата за новинари во Санк Петербург изјавил дека работи на нов филм кој се вика “ Љубов и војна “, и дека гледачите ќе имаат можност во ова филмско остварување да ги оценат не само неговите режисерски потенцијали, туку и актерски.
Ражисерот додал дека ќе игра во сите три продолженија на филмот кој говори за историјата на еден човек во три различни периоди од војната, а завршниот дел ќе биде посветен на преобразување на јунакот во монах.
