Мојата кујна

Енергетски бомбици – здравјето на дланка

Ако се чувствувате слабо, изнемоштено и без енергија ова е вистинскиот рецепт за вас. Кренете ја енергијата до максимум за многу кратко време.

100 гр урми (изберете меки)

100 гр суво грозје

100 гр суви смокви

100 гр суви сливи (изберете меки)

100 гр суви кајсии

100 гр ленено семе

100 гр семе од тиква

100 гр семе од сончоглед

100 гр сусам

100 гр овесни трици

2-3 лажици маслинов зејтин

2-3 лажици јаворов сируп

2-3 лажици мед

Подготовка:

семените производи се мелат во мелница за кафе, сувото овошје се мели во мелница за месо.

Се заедно убаво се меша да се добие компактна смеса. Потоа се оформуваат во мали топченца кои се спремни за јадење.

 

 

Write A Comment