Free zone

Еве како може да и го “направите” денот на партнерката

Кога вашата партнерка има лош ден, вие може да направите нешто и со тоа многу да и помогнете за да и ја вратите насмевката на лицето.

Пуштете вода

Подгответе и купка. Капнете некоја капка лаванда во купката. Бидете нејзиниот херој, покажете и дека ви е важно како таа се чувствува.

Подгответе и го омилениот пијалок

Ако знаете дека имала посебно лош ден подгответе и го омилениот пијалок. Без разлика дали е тоа некаков освежителен сок или пак кафе. На вас нема да ви одземе многу време, а со тоа добивате голем плус кај неа.

Измасирајте ја

Постои причина зошто луѓето даваат неверојатни суми за масажа. Наместо да и уплаќате на партнерката, сторете го тоа вие. Опуштете ја со релаксирачка масажа која може да заврши со среќен крај.

Однесете ја далеку

Кога на некого му е тешко и кога сé ќе се насобере најдобро е да се оддалечи од се и да има повеќе време и простор за себе. Направете го тоа за вашата партнерка. Само извлечете ја од секојдневната рутина, и одете некаде каде што ќе може да си се посветите еден на друг.

Напиши коментар