After Midnight

Еве зошто треба да си набавите вибратор…

Дали пробувате да го убедите Вашиот партнер за повеќе акција во кревет ?

Сакате да купите вибратор, а не сакате да бидете видени дека влегувате во секс шоп?

Во следното видео, сексуалната терапевтка Dr. Dorree Lynn, открива зошто токму вибраторите се есенцијален дел од Вашиот сексуален живот…токму како што се за некого потреба очилата за гледање. Ако не сакате да го гледате светот замаглено, не одете во кревет без играчки…

– „Пред се, вибраторите станаа вообичаени, па така, веќе не мора да влегувате во ексклузивни секс-шопови за да ги купувате. Ги знаете оние масажери достапни во големите супермаркети? Епа ние знаеме за што тие служат- Употребете ги ! “

-„ Зошто мислите дека Вашиот сопруг или момче не би бил заинтересиран? Се што треба да направите е да му објасните дека се работи за нешто интересно за Вас двајцата и дека ќе го подобри Вашиот сексуален живот.Вибраторот може да му го поклоните, или да го однесете на „шопинг“, или пак, заедно да го купите преку интернет.“

-„Повеќето од нас користат очила, апарати за слух, помошни средства за одење, зошто да не користиме и вибратор? Ако во кревет не користите играчки- губите многу, а се што го помага сексуалниот живот, директно Ви помага и Вам лично.“- советува Др. Lynn

Напиши коментар