Тие знаат да го кажат вистинксиот збор во вистинско време, знаат да бидат внимателни, шармантни… Но вистината е дека тие се причината заради која жените патат. Па тогаш зошто жените ги сакаат?
Женкарите знаат да ја кажат вистинската работа, во вистинско време. Тешко е да го препознаеш неговото вистинско лице кога ти се допаѓа, неговата слаткоречивост е доволно уверлива да ве убеди дека сите други грешат кога зборуваат лошо за него.
Женкарите знаат да прават ситници заради кои жените мислат дека им стало до нив.
Женкарите се одлични во кревет, што не е ни чудно со оглед на праксата која ја имаат.
Женкарите најчесто се згодни и неверојатно шармантни.
Жените грешат при својот избор, а и покрај тоа што го знаат остануваат со него затоа што тој бил со неа додека и требало внимание, затоа што годините поминале па постои страв од нешто ново…
Размислете пред да се вљубите во женкар. Колку ќе добиете, а колку ќе изгубите… споредете и направете ја вистинската одлука.
