Во добата кога сé послободно се зборува за сексот, мастурбацијата некако, останува табу тема, особено кога станува збор за женското самозадоволување. Сексолозите сметаат дека тоа не е воопшто добро, бидејќи мастурбацијата е одличен начин за решавање на стресот и подобрување на сексуалниот живот. Еве зошто:
1. Луѓето кои имаат редовен секс, почесто се самозадоволуваат од оние кои немаат редовен секс. Причината е во тоа што се сексуално поактивни и поотворени во сексуална смисла и се свесни за фактот дека мастурбацијата им го подобрува сексуалниот живот.
2. Жените мастурбираат многу повеќе отколку што се спремни да признаат. Иако ова не е шокантен факт, шокантни се статистичките податоци кои кажуваат дека дури 59% од жените мастурбираат, но само 50% од нив тоа го признаваат.
3.Во некои земји, мастурбацијата помеѓу младите дури и се поттикнува. Владата на Велика Британија во 2009 година им порача на тинејџерите да мастурбираат барем еднаш дневно, за на тој начин да се намали бројката на несакана бременост на таа возраст и бројот на заболени од полово преносливи болести.
4. И постарите жени мастурбираат. Едно истражување од 2010 покажува дека одколу 30% од жените на возраст помеѓу 60 и 90 години, повремено се самозадоволуваат.
5. Мастурбацијата не била „ забранета тема “ отсекогаш. На пример, старите Римјани биле доста отворени по прашањето на сексуалност, а постојат и материјални докази, како цртежи и глинени скулптури кои прикажуваат како уживаат допирајќи се. Дури подоцна, околу 16, 17 и 18 век мастурбацијата почнала да се смета за грев, а некаде луѓето кои мастурбирале биле нарекувани и ментални болесници.