Celebrity

Филм според омилената приказна на Stephen King!

Се очекува да се сними филм по една релативно непозната приказна на кралот на хоророт, кој има напишано 49 романи.

Кратката приказна „The Reach“ за прв пат е објавена во списанието „Yankee“ во 1981 година, а по четири години е ставена во склоп на збирката „Skeleton Crew“.

Во приказната се зборува за една 95-годишна баба која целиот свој живот го поминала на еден остров. Таа започнува да слуша гласови од мртви луѓе кои бараат од неа да ја премине заледената вода која го дели островот од копното.

Stephen King ги изненади своите фанови кога своевремено изјави оти токму по оваа приказна сака да биде запаметен по смртта.

Филмот ќе биде долгометражен, но сеуште не се знае кој ќе биде во главните улоги.

Напиши коментар