Celebrity

Филм според романот на Стив Мартин

Филмското студио „Мејвен“ ќе сними адаптација на книгата „Предмет на убавина“, дело на славниот комичар Стив Мартин.

Стив е најпознат по своите улоги во комедиите, но се има афирмирано и како писател. Има напишано неколку книги и сценарија за филмови. По неговата книга „Шопинг девојка“ веќе е снимен филм во 2005 година, а сега ќе биде филмуван и неговиот најнов роман.

Во книгата се зборува за една сопственичка на уметничка галерија, односно цели 15 години од нејзиниот живот. Главната улога во филмот ќе ја игра Ејми Адамс, која потоа ја очекува уште едно филмско остварување – филмот на Клинт Иствуд со наслов „Trouble with the Curve“.

Напиши коментар