Celebrity

Филм за Денот на мртвите!

Гиљермо дел Торо ќе го продуцира цртаниот филм во кој е обработен „језивиот“ мексикански празник.

„Денот на мртвите“ ќе биде анимирана љубовна приказна, чии протагонисти го поминуваат Денот на мртвите во Мексико. Овој ден е популарен празник во Мексико и зе време на тој период семејствата и пријателите се собираат во спомен на нивните блиски кои веќе не се меѓу нив на земјата.

–          Нема да биде хорор, туку слатка и витална приказна за една љубов во сосема необично опкружување, – изјавил Дел Торо за филмските медиуми.

Цртаниот ќе го режира Хорхе Р. Гутијерез, а премиерата се очекува да биде кон средината на 2014 година. Сеуште не е познато кои актери ќе ги позајмат своите гласови за главните ликови.

Напиши коментар